Search

Ријана е милијардерка според Форбс

Робин Фенти, позната во светот како Ријана, ја лансираше „Fenty Beauty“ во 2017 година. Таа имала цел да создаде козметичка компанија која ќе направи сите жени да се чувствуваат „вклучени“. Истата компанија ѝ помогна стане милијардерка.

Ријана сега вреди 1,7 милијарди долари, проценува „Форбс“ што ја прави најбогата музичарка во светот и втора по Опра Винфри како најбогата жена во забавната индустрија. Но, не е нејзината музика тоа што ја направи толку богата. Најголемиот дел од нејзиното богатство (околу 1,4 милијарди американски долари) доаѓа од вредноста на компанијата „Fenty Beauty“, од која „Форбс“ потврдува дека Ријана поседува 50%. Голем дел од остатокот од богатстово ѝ е заработено со нејзината компанија за долна облека, „Savage x Fenty“, вредна околу 270 милиони американски долари и успешната кариера како музичарка и актерка.

Историски гледано, женските брендови за мода и убавина ги промовираат европоцентрични и честопати нереални стандарди за убавина. Еден од клучевите за успехот на Ријана е тоа што се нејзината компанија продава производи за жени од сите форми, големини и нијанси на кожа, според консултантката за потрошувачи Шенон Којн.

„Таа беше една од првите брендови што излезе и рече: Сакам да разговарам со сите различни луѓе“, вели Којн. „Многу жени сметаа дека нема производи што ја застапуваат нивната нијанса на кожа. Достапно беше светло, средно, средно темно, темно. Сите знаеме дека тоа не е реалноста“.

Треба да знаете
Последни објави