Search

Ричард Гир: Салвини е мал Трамп кој користи омраза и незнаење

Италијанскиот министер за внатрешни работи и лидер на десницата, Матео Салвини е мал Трамп кој ги искористува стравовите на луѓето за да освои гласови, изјави американскиот актер Ричард Гир, кој е ангажиран по прашањето за мигрантите во Медитеранот.

Гир (69) неодамна се судри со Салвини во врска со бродот на хуманитарната организација Open arms „Отворени раце“. Италија забрани бродот, во кој има околу 100 мигранти, да се закотви во нејзино пристаниште.

Салвини тврдеше дека организацијата лаже за состојбата на мигрантите и дека медицинскиот преглед од италијанските власти покажал дека ситуацијата на бродот не е алармантна.

„Вашиот министер за внатрешни работи го има истиот менталитет како претседателот Трамп. Всушност, јас го нарекувам ‘мал Трамп’. Тој го користи истото радикално незнаење, искористувајќи ги стравот и омразата“, изјави Гир за италијанскот дневен весник „Кориере дела Сера“.

Холивудскиот актер го посети хуманитарниот брод пред две недели им донесе храна на мигрантите и им даде утеха дека ситуацијата добро ќе заврши.

Потоа Салвини го повика да ги однесе мигрантите во Холивуд и да ги прими во неговите виле.

„Ако вашиот министер помине неколку часа со овие луѓе, слушајќи ги нивните приказни и семејни трауми, тој би го сменил ставот“, рече актерот.

Тој додал дека би сакал да се сретне со Салвини затоа што е сигурен дека тој не е таков како што се прикажува во јавност.

Во меѓувреме, Салвини потклекна под политичкиот притисок и порача дека ќе им дозволи на малолетните мигранти да се симнат од бродот во кој се наоѓаат две недели.

Треба да знаете
Последни објави