Search

Ричард Гир доби син, се породи неговата 34 години помлада сопруга

Холивудскиот актер Ричард Гир доби син, само неколку месеци пред неговиот 70. роденден.

Пред неколку дена неговата сопруга Алехандра Силва (36) се породи во Њујорк, а името на момчето сè уште не го откриваат.

Ричард веќе има 18-годишен син, Хомер Џејмс, со поранешната сопруга Кареј Ловел. Алехандра исто така има дете од првиот брак, шестгодишниот син Алберт.

Ричард и Алехандра се запознале во 2014 година во луксузен италијански хотел што Алехандра го купила со својот поранешен сопруг и во тоа време била менаџерка на објектот.

Треба да знаете
Последни објави