Search

Ричард Бренсон организира хуманитарен концерт за Венецуела

Британскиот милијардер Ричард Бренсон планира хуманитарен концерт во Колумбија со цел да ја подигне глобалната свест за кризата во Венецуела и да собере средства за хуманитарна помош.

Бренсон наведе дека хуманитарниот концерт го организира на барање од привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гуидо и политичкиот дисидент Леополдо Лопез.

Концерот е предвидено да се одржи на 22 февруари во колумбискиот пограничен град Кукута, во кој веќе се собира хуманитарна помош за Венецуела.

Претходно, Гуидо изјави дека на 23 февруари ќе одобри влез на хуманитарна помош во Венецуела.

– Нашата цел е да се соберат 100 милиони долари за 60 дена и да се отвори границата со цел хуманитарната помош да пристигне до милионите луѓе на кои им е потребна. Со фантастичен избор на меѓународни и регионални уметници, концертот ќе биде пренесуван ширум светот, посочи Бренсон.

Венецуела поради економската и политичката криза се соочуваа во галопирачка инфлација и со недостиг на храна и лекови.

Повеќе од 2,3 милиони луѓе од 2014 година ја напуштија земјата, само во соседна Колумбија има речиси еден милион Венецуелци.

Треба да знаете
Последни објави