Search

Рита Ора има нова љубов, режисерот Таика Ваитити

Британската пејачка и реномираниот филмски режисер, наводно, се во врска повеќе од еден месец откако се зближија последниве неколку месеци во Сиднеј.

„Тие се пар од почетокот на март, но не сакаа да се експонираат во јавност. Сепак, сите нивни пријатели знаат за врската, навистина се сакаат,“ извор изјави за весникот „Сан“.

Новата селебрити-двојка беше забележана на повеќе места низ Сиднеј во последните неколку недели, а Рита дури објави и заеднички фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм.

Рита го снимаше шоуто The Voice Australia кога се раздели од своето последно момче Ромен Гаврас речиси веднаш откако ја напушти Велика Британија и се упати кон јужната хемисфера.

Сепак, Рита беше срамежлива кога неодамна ја прашаа за гласините за новата романса.

30-годишната пејачка бил забележана во друштво со режисерот оскаровец (45), и со актерите Крис Хемсворт и неговата сопруга Елза, и Мет Дејмон, кои се во Австралија на снимање на „Тор: Љубов и гром“, пренесе британскиот весник „Сан“ минатата недела.

Ова ги подгреа шпекулациите дека таа ќе има камео појава во филмот на Таико.

Засега, ниту Ора ниту Ваитити не ја потврдиле нивната љубовна врска.

Треба да знаете
Последни објави