Search

Рита Ора е повторно вљубена

Рита Ора (29) и Раферти (23) се зближија на снимање на модерната верзија на „Оливер Твист“. Тие се гледаат веќе неколку недели, а откако излегоа во јавност држејќи се за рака, сите зборуваат дека врската многу брзо станала озбилна.
Уште на снимањето, членови на екипата шпекулираа дека нивната взеамна привлечност била очигледна и дека се повеќе од соработници.
„Сега се во вистинска врска, па решија да се појават заедно во јавност прв пат, и не можеа да одолеат на желбата да се држат за рака. Тоа е сè уште почеток, но многу се вљубени еден во друг,“ изјави извор за британски Sun.
Снимањето на модерниот Оливер Твист започна пред еден месец, а покрај Рита Ора и синот на Џуд Лоу кој го игра Оливер, глумат и ѕвездите на „Игра на тронови“ Лена Хеди и Мајкл Кејн.
Ова е прва улога на Раферти. Досега работел како модел и многу личи на тато, особено поради карактеристичната боја на очите.
Рита Ора ја гледавме во продолжението на „50 нијанси на сиво“ каде што ја играше улогата Миа Греј.
Непосредно пред почетокот на снимањето на „Оливер Твист“, Раферти за британските медиуми изјави дека тој и Рита почувствувале искри кога се . Рита еднаш изјави дека нејзина цел е да најде маж кој може да се справи со притисоците и озборувањата што кружат за неа.

Треба да знаете
Последни објави