Search

Ристоска и Фетаи: Денеска празнуваме, во друга прилика ќе зборуваме за СЈО

Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска, oбвинителки на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) присуствуваа на прославата на Денот на независноста во Градски парк, кај Школка.

Како што изјавија, поканети се на прославата како претставнички на СЈО, но не сакаа да коментираат за актуелните случувања со СЈО.

– Денеска е празник нека ни е честит и толку – рече Фетаи.

Ристовска, пак, рече дека, денеска за СЈО ќе дискутира во друга прилика.

– Сите работи случувања поврзани со СЈО и тековните случувања ќе ги адресираме во друга прилика, денеска да се фокусираме на денешните случувања и овој убав празник – рече Ристоска.

 

Треба да знаете
Последни објави