Search

Ристовски: ФК Вардар, РК Вардар, КК Работнички, ЖРК Кометал… кој е следен?

Уште еден член од спортско семјство Вардар е на колена. По фудбалскиот клуб, и ракометниот клуб на Вардар, повеќекратен македонски и двократен европски прва доби тежок удар од ЕХФ кој може да го фрли во нок-аут, токму во деновите кога чинеше дека ќе застане на нозе. Вардар е елиминиран административно од Лигата на шампионите. Актуелниот прв човек не крие дека размислува да се повлече, но напомена дека нема да го остави ракометен Вардар да му се случи истото фудбалско сценарио.

Новонастанатата ситуација со македонските спортски брендови  го испровоцира капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски, член на повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб. Тој на социјалните мрежи објави статус во кој се прашува кој е следниот македнски спортски бренд !?

„РК Вардар, ФК Вардар, КК Работнички, РК Кометал…брендови на Македонија? Кој е следен? А да….другите ни се виновни… МОЈА ЖАЛНА МАКЕДОНИЈО“, напиша Ристовски.

Треба да знаете
Последни објави