Search

Ристовски од трибината „Правда наместо амнестија”:Единствени кои бегаат од правдата се ВМРО-ДПМНЕ,денес нема грубо мешање и диригирање на работатта на судовите, правдата е спора но доаѓа

Единствени кои бегаат од правдата се ВМРО-ДПМНЕ, залудни се сите обиди да се искриви вистината и погрешно да се насочи јавноста.-истакна Оливер Ристовски, заменик министер за правда и член на ЦО на СДСМ, на трибината  „Правда наместо амнестија”.

Тој посочи дека за граѓаните не е спорно кој бега од правдата, тоа се криминалците од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, иако тие уште активно учествуваат во креирањето на политиката и во носењето на законите.

Судовите и обвинителството не се пречка за постоење и владеење на правдата, туку поединци, не дека се е идеално туку има многу работа ,правдата е поспора , но ќе дојде.-посочи Ристовски.

Тој додаде дека потребна е поголема улога и активност од страна на граѓанскиот сектор.

Министерството за правда од своја страна превзема се што е во негова надлежност , се што е поврзано со судството, но не смее да се меша во нивната работа.

Ристовски истакна дека помина времето на грубо мешање и диригирање на работатат на судството и заташкување на случаите, денес судовите треба да се насочат кон одговорно работење и превземање на случаите во свои раце.

Треба да знаете
Последни објави