Search

Ристовски: Исланд заслужено победи

Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски по поразот од Исланд вечерва (24-22) изјави дека ракометарите дале се од себе на овој натпревар, но дека треба да се признае дека противникот е поквалитетен и на крајот заслужено оствари победа.

Тој изјави дека треба да помине денешниот ден и со мирна глава да се направи анализа за претставувањето на ова Светско првенство.

– Се боревме, не се откажавме икога водевме, не престанавме да притискаме и кога губевме, не престанавме да се бориме и да даваме максимум. Меѓутоа треба да прифатиме дека Исланд е поквалитетен од нас и тоа не е страшно да се признае. Тие имаа и малку повеќе среќа, но на крајот заслужено победија, изјави Ристовски по мечот, додавајќи дека е премногу рано да се зборува за конечниот пласман на репрезентацијата.

Македонија утре ќе одмара, а веќе во сабота игра со Русија од 13 часот во дуел од „Президент купот”, во кој ќе се разигрува за пласман од 13. до 16. место.

Треба да знаете
Последни објави