Search

Ристевски: По одлуката на законодавно правната комисија на Собранието Уставниот суд нема потреба да расправа за член 11 затоа што е ништовен

Уставнот суд нема потреба да распарава за член 11 а од Законот за помилување, откако законодавно правната комисија на Собранието донесе едноставна одлука, односно дека нема потреба од автентчино толкување на нешто што не постои., истакна на трибината на тема „Правда наместо амнестија”, во организација на СДСМ, членот на ЦО на СДСМ и заменик министер за правда Оливер Ристовски.

Тој појасни дека Законот за помлување е од 1993 година, до 2009 година, па и сега дел е ист, но во еден дел до 2009 претстедателот имаше можност сам да даде помилување ако тоа е од добен интерес на државата. Во 2009 во Собрание законот претрпе измени и член 11 се укина и не произведуваше правно дејство, се до 2016 година, кога уставнуот суд ги укина измените и дополнувањата, па се отвори дискусија дали уставниот суд со тоа го оживеа членот 11 или не.

Уставниот суд не може да оживува правни норми кои се укинати. Во 2009 година спорниот член 11 беше укинат и тој не произведуваше правно дејствие.

СДСМ го зазеде ставот дека не може да се оживее член што е укинат, истакна Ристевски, додавајжи дека уставниот суд има заземено мислење што се случува во вакви ситуации, во врска со толкување на друг закон, а тоа е дека не е надележен да врши законодавна функција и да враќа одредби кои не се во функција рече Ристовски на трибината на тема „Правда наместо амнестија”, во организација на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави