Search

Ристевска: Не ни треба натпревар за тоа кој ќе биде полуд или пофрустриран или кој повеќе ќе ќари на следните избори

Одлуката на ЕУ да не одреди датум за отпочнување преговори со Македонија и Алабнија изминативе два дена е главна тема во земјава и регионот. За актуелната политичка ситуација во земјава по негативниот одговор во „360 степени“,  Малинка Ристевска Јорданова од Институт за европска политика зборуваше за идните чекори кои треба да ги превземат македонските политичари.

-Сега нам не ни треба натпревар за тоа кој ќе биде полуд или пофрустриран или кој повеќе ќе ќари на следните избори. Ситуацијава не треба да биде прашање за меѓусебно поткусурување. Потребен е заеднички став како во оваа конкретна ситуација кога имаме блокада од ЕУ ќе ја позиционираме надворешната политика. Прво дали имаме опција да се откажеме, да го разгледаме квалитетот на процесите, реализацијата на договорот за стабилизација и асоцијација… Значи потребна е систематска стратегија со клучни точки за кои сите ќе лобираме – рече меѓу другото Ристевска Јорданова.

Таа потенцира дека важен е и ставот за Преспанскиот договор, односите со соседите…

 

Треба да знаете
Последни објави