Search

Рио ќе ги отвори плажите кога ќе се најде вакцина против коронавирусот

 Популарните плажи во Рио де Жанеиро официјално ќе бидат отворени за пливачите дури кога ќе се најде вакцина против коронавирус, изјави градоначалникот Марсело Кривела.

Во моментов, плажите во Рио се отворени за вежбање и спортови на вода, иако во последните неколку викенди правилата честопати беа прекршени.

Многумина не носат маски и ги кршат правилата за физичко растојание.

– Онаму каде што не се носат маски, намерата е да се вратиме кога ќе има вакцина или кога заразата ќе дојде на нула, рече Кривела.

Според него, маските не се носат на плажа и нивото на зараза се зголемува.

Бразил е втора најпогодена земја од пандемијата на коронавирус по САД и има повеќе од 1,7 милиони заразени.

Треба да знаете
Последни објави