Search

Рио ја сака организацијата на Светското клупско фудбалско првенство

Бразилскиот град Рио де Женеиро изрази интерес за организација на Светското фудбалско клупско првенство по откажувањето на Јапонија, која требаше да биде домаќин на натпреварувањето во декември.

– Работиме на тоа. Тоа е желба на Рио, откако Јапонија се откажа. Би било навистина интересно натпреварувањето да го донесеме во Рио, изјави градоначалникот Едуардо Паес.

Тој додаде дека неговата администрација веќе ги контактирала Бразилската фудбалска федерација и „други надлежни страни” за реализација на желбата.

– Постојат врски, контакти со ФИФА. Но, не е едноставно, бидејќи се чини дека постои волја ова натпреварување да продолжи да се организира во Азија, посочи Паес.

Јапонија на почетокот на овој месец официјално ја откажа организацијата поради ограничувањата поврзани со коронавирусот.

ФИФА сè уште не донела одлука за новиот термин на Светското клупско првенство, кое би можело да биде поместени од декември за јануари идната година.

Треба да знаете
Последни објави