Search

Ринго Стар го прослави својот 80. роденден со специјално шоу (линк)

Поп-рок легендата Ринго Стар го прослави својот 80. роденден со видеонастап во живо на интернет. Овојпат, тоа мина без другиот член на поранешната група „Битлс” – Пол Макартни.

Стар обично своите родендени ги прославува со концерти пред своите обожаватели, но корона-пандемијата го направи годинешниот јубилеј малку поинаков.

– Оваа година не е баш најдобра за таква забава. Овојпат тоа ќе мине во кругот на најблиските. И, ќе ја почитуваме физичката оддалеченост, им рече славниот тапанар на своите интернет-обожаватели пред да ги почести со неколку хитови од „Битлс”.

Другиот преостанат од славната „четворка од Ливерпул”, Пол на Твитер му го честита роденденот на Ринго: „Среќен роденден, Ричард! Ти посакувам незаборавен ден, стар мој пријателе.”

Едночасовното интернет-шоу во живо го проследија над 130.000 следачи на тапанарот.

Треба да знаете
Последни објави