Search

Римските лекари предупредуваат на опасноста од ѓубрето

Лекарите во Рим предупредуваат на можни ризици по здравјето предизвикани од преполни контејнери на градските улици, додека италијанскиот главен град се бори со нови проблеми со ѓубрето поради летните горештини.

Собирањето и отстранувањето на ѓубрето е повеќедецениски проблем за Вечниот град. Рим нема локација за отстранување на 1,7 милиони метрички тони отпад, колку што се произведува секоја година откако депонијата Малагрота беше затворена во 2013 година.

Градоначалниците од различни партии се покажаа неспособни за решавање на проблемите со ѓубрето.

Градската администрација се соочува со незадоволство од римјаните и од туристите поради куп ѓубре што го загрозува здравјето на луѓето и го нарушува имиџот на градот.

Треба да знаете
Последни објави