Search

Римскиот Колосеум од 1 јуни ги отвора вратите

Римскиот Колосеум, најпосетуваната туристичка атракција во Италија, од 1 јуни повторно ќе биде отворен за посетителите, два месеци откако беше затворен поради епидемијата на коронавирус.

Властите денеска истакнаа дека Колосеумот ќе биде осветлен со боите на италијанското знаме еден ден пред отворањето.

Оваа главна туристичка атракција со повеќе од седум милиони посетители годишно, е впишана на списокот на светско културно наследство.

„Последните неколку месеци беа многу тешки, со надреална тишина, која тешко ја прифативме“, се вели во соопштението на римската администрација, додавајќи дека персоналот и посетителите ќе мора да носат заштитни маски, нивната температура ќе се мери на влез и ќе бидат потребни резервации за посети.

Додека владата планира да ги отвори државните граници на 3 јуни, знаменитостите во Италија постепено се отвараат за посетителите со надеж дека ќе оживее целосно мртвиот туризам, кој учествува во бруто домашниот производ со околу 12%.

Треба да знаете
Последни објави