Search

Римскиот аеродром „Чампино” времено затворен поради бомби од Втората светска војна

Римскиот аеродром „Чампино”, чии услуги ги користи нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер”, денеска времено беше затворен за сообраќај откако беа откриени три бомби кои датираат од Втората светска војна, соопштија аеродромските власти.

– Тим за отстранување бомби беше повикан да го деактивира експлозивот, соопшти италијанското Министерство за одбрана.

Бомбите тежеле вкупно 150 килограми со полнење од 75 килограми барут.

Аеродромот беше затворен три часа, а летовите беа одложени или пренасочени на најголемиот римски аеродром „Фиумичино”.

Треба да знаете
Последни објави