Search

Рик Питино ќе ги води Грците во квалификациите за Олимписките игри

 Славниот американски тренер, Рик Питино, од денеска е нов селектор на кошаркарската репрезентација на Грција, но работата со тимот нема да ја преземе веднаш, туку во летото 2020 година.

Искусниот Питино, кој е познат како еден од најдобрите колеџ тренери во историјата на НЦАА лигата во САД, в понеделник ќе одржи прес-конференција на која ќе биде претставен, а денеска при пристигнувањето во Атина, рече дека е среќен, и му се радува на предизвикот.

Нашите јужни соседи во февруари 2020 треба да почнат со квалификации за Евробаскетот 2021, ривали во групата им се Летонија, БиХ и Бугарија, но Питино нема да биде на клупата на тие мечеви, туку Танасис Скуртопулос. Главна цел им е со Питино да се пласираат на олимискиот турнир во Токио. 

Треба да знаете
Последни објави