Search

Рикер со пофалба за демократскиот придонес на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ

Осуммината пратеници од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ имаа средба со вршителот на должност помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер.

Во соопштението за средбата се истакнува дека на неа присуствувала и американската амбасадорка Кејт Мари Брнс и други високи претсавници.

„Нашиот конструктивен пристап како опозициска пратеничка група беше оценет како позитивен за развој на демократијата во нашата држава. Разговаравме за актуелните теми и понатамошната интеграција во ЕУ и НАТО на Република Северна Македонија“, стои во извештајот за средбата, во кој од независната пратеничка група велат дека со секретарот Рикер споделиле размислувања, идеи и конкретни чекори што ги презеле во правец на напредок за земјата.

Треба да знаете
Последни објави