Search

Рикардо откри зошто преминал во Рено

Даниел Рикардо е познат како еден од најхаризматичните личности во Формула 1 и ја зацврсти својата репутација и за време на претставувањето на новиот болид на Рено за 2019. Австралискиот пилот се подготвува за својата деби сезона со францускиот тим и присуствуваше на премиерата заедно со својот тимски колега Нико Хулкенберг и шефот на тимот Сирил Абитбул во фабриката во Енстон.

Рикардо го изненади светот на Ф1 со неочекуваната одлука да го напушти Ред Бул и да се приклучи на Рено, кои се борат во средината на табелата.

Абитбул го праша зошто го направил овој избор, на што Даниел му одговори: „Бонжур. Жу м`апел Даниел (Добар ден, моето име е Даниел). Едноставносакав да научам француски”.

Настрана шегата, Рикардо се надева дека ќе помогне на својот нов тим со што може, откако ќе го сподели своето знаење од престојот во Ред Бул.

Рено од своја страна се надеваат дека ќе го скратат растојанието со тимовите од топ 3. До каде стигнале во својата желба, ќе можеме давидиме следната недела, кога почнуваат зимските тестови во Барселона.

Треба да знаете
Последни објави