Search

Риз Витерспун проговори за најтешката улога во животот

Глумицата Риз Витерспун доби Оскар за „Одејќи по линијата” (Walk the Line), но таа вели дека токму нејзината улога во „Дивa” (Wild) e онаа што најмногу ја сменила како актерка.

Витерспун во разговор за писанието „Интервју” рече дека била „премногу исплашена” да ја преземе улогата во филмот од 2014 година. Тој е заснован на мемоарите на Шерил Стрејд, со наслов „Дивa: Изгубена и пронајдена на патеката на пацифичкиот гребен”.

– Бев хипнотизирана, и толку бев исплашена… Имав напади на паника три недели пред да почнам со снимањето… Дел од тоа беше аспектот на голотијата, сексуалноста и употребата на дрога, но исто така и – да се биде сама пред камера, без други глумци, откри Витерспун која е главна улога, и продуцентка на филмот.

Приказната е за патувањето на Стрејд „кон самоспознавањето”, при што таа пешачела сама в пустина.

– Никогаш не сум била сама на снимање со денови и денови. Веројатно имаше 25 дена од снимањето каде немав друг глумец покрај мене. Бевме само јас, камерата и ранецот, раскажува Витерспун.

Според неа, филмот во основа ја прикажува моќта на жената и како секоја од нив е способна да се чува и грижи самата за себе.

Треба да знаете
Последни објави