Search

Ривлин: Да се формира стабилна Влада со две големи партии

Претседателот на Израел, Рувен Ривлин апелира на формирање стабилна Влада со партијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху и со партијата „Сино бело“ на Бени Ганц.

Сојузот на партиите освои најмногу пратенички мандати на изборите на 17 септември.

„Убеден сум дека е потребно да формираме стабилна Влада со две големи партии“ рекол Ривлин, кој вечерва почна консултации со политичките партии, за да одреди мандатар за состав на владеачка коалиција.

Ривлин додал дека тоа е волја на народот и дека никој не сака трети избори.

Треба да знаете
Последни објави