Search

Ривалдо: Ако Нејмар оди во Реал, тоа нема да биде предавство

Нејмар пред две години ја напушти Барселона и за 222 милиони евра се пресели во редовите на париски ПСЖ, а се чини дека ова лето ќе заврши неговата авантура во Париз.

Досега Нејмар најмногу се поврзуваше со враќање во Барселона, но исто така се шпекулира дека би можел да се пресели и во најголемиот ривал на Каталонците, мадридски Реал. Доколку се случи тоа, неговиот сонародник Ривалдо смета дека тоа нема да биде предавство.

„Доколку Зинедин Зидан успее да го доведе Нејмар во Реал Мадрид, тоа не би било предавство“, изјави Ривалдо и додаде:

„Не е исто кога одиш директно од Барселона во Реал и кога одиш во некој друг клуб па Реал. Мислам дека трансферот на Нејмар во Реал Мадрид не би требало да се доживува како предавство на Барселона, иако мене би ми било многу подраго да се врати на Камп Ноу“, изјави Ривалдо.

Треба да знаете
Последни објави