Search

Рибокрадец од Трпејца фатен со 143 парчиња риба кај Лагадин

На 02.12.2020 полициски службеници од СВР Охрид на брегот кај плажата „Акапулко“, го лишиле од слобода А.Б.(38) од охридското село Трпејца, поради извршен незаконит риболов во водите на Охридското езеро.

При преглед на пловниот чамец, пронајдени се 143 парчиња риба белвица, осум рибарски мрежи и друг риболовен алат, кои се предадени на Хидробиолошкиот завод.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави