Search

Рибери: Ќе го напуштам Баерн како господин

 Крилото на Баерн Минхен – Франк Рибери, може да стане првиот играч во историјата на Бундеслигата со 9 титули во германскиот шампионат.

 

Се очекува тој да го напушти Баерн во текот на летото, кога истекува и неговиот договор.Француската легенда зборуваше за 12-те сезони (од 2007 година) во Баварија и успесите кои ги постигна во најуспешниот клуб во Германија.

– Уште на почетокот сфатив дека Баерн е мојот клуб. Мојата врска со раководителите и навивачите беше добра уште од првиот момент. Само 2-3 месеци откако дојдов веќе бев интегриран, целосно. На 7 април ќе наполнам 36 години. Баерн е како едно семејство. Односите ни беа чисти, без лицемерие. Баерн ме прифати таков каков што бев, вели тој.

Французинот сепак вели дека ништо не му дошло лесно во баварскиот гигант.

– Само јас знам како успеав. Секогаш сум се потпирал на тренинзите и работата, на тоа да се подобрам. Јас сум победник, штом се задржав толку време во еден од топ 5 клубовите во светот. И кога ќе си заминам, ќе го направам тоа како господин, изјави Франк Рибери.

Тој е дете на Лил и Болон, а професионално игра за тимовите на Алес, Брест, Метц, Галатасарај (шампион на Турција, 2004/2005 година) и Марсеј (Интертото Купот, 2005). Во 2007 година преминува во Баерн Минхен, каде за 12 години освои 21 трофе, вклучувајќи и Лигата на Шампионите во 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави