Search

Рибаро со 10 прашања за Героски

Рибаро со 10 прашања за Героски

Го гледав „гостувањето на Героски во дневниикот на Алфа ТВ. Беше така едно фино инетрвју – емотивно и истовремено, спонтано и без драматики и договорени прашања, а бога ми и кратко +30 минути, како за гостување во Дневник 🙂 и се чудев на умешноста и досетливоста на новинарот Горан Момироски и неговите прашања во интервјуто.

Охрабрен од интервјуто на Алфа, а и од статусот на Героски пред два денаи, каде одговора на прашања од други(?) за потоа да додаде: „Спремен сум да одговорам на било кое битно прашање, што не е навредливо…“, па еве:

– 10 прашања, за кои не само јас (твојот став драг Геро, за мене, го искажа пред неколку дена, ничим изазван етикетираќи и навредувајќи ме со „гомнар, лицемер, бот, стока…) туку јавноста има сосема легитимно право, да си ги постави и да добие одговори:

1. Ако Героски не слушнал ниту една снимка „бомба“ за „Рекет“, врз основа на што пишувал за „Бомбашки пленум“(негова колумна од мај), и од каде знаел дека постои „цврст доказен материјал за рекетот“, ако како што вели, немал слушнато и не е во дослух со бомбашите и нарачателите?
2. Зошто уште во мај кога немаше објавено ни една снимка, во таа истата колумна ја цитира „народната“, „ко се бомбе лати, од бомбе ќе погинути“, ако не чул како што тврди ниедна „бомба“ пред да биде објавена?
3. Ако со Орце Камчев немал разговарано за „Империја“ и „Рекет“, зошто тогаш пишуваше дека разговарал со него и дека бил убедуван дека Орце Камчев е невина „сведок-жртва“?
4. Ако пак не добил изјава од Орце Камчев, туку од „неговите соработници“, зошто тогаш кажа и излажа „ми рече“?
5. Зарем јавноста нема право да знае кои се соработниците на Камчев кои му биле извор, дали тие соработници се исто така обвинети во некој случај (нели за да знаеме колку се веродостојни), дали се дел од одбраната на Камчев, или дали се негови бизнис партнери?
6. Ако е вистина дека не поседувал „важни докази“ за рекет освен тие што ги објавил за „Меѓународен сојуз“, тогаш врз основа на што ги изнесува тешките обвинувања за дузината лица што ги спомнува во неговите колумни?
7. Ако е вистина дека „сė што знам и дознавам во врска со аферата “Рекет” го споделувам со моите читатели“ зошто тогаш не сподели навреме дека не се сретнал со ЈК, дека не разговарал, и дека не слушнал нитуе една „бомба“ пред да биде објавена?
8. Ако е вистина тоа што го тврди кога вели „Моите извори ми веруваат“, и ако подеднакво им верува на неговите извори, зошто не се обиде да добие информации и изјави и „од другата страна“, од лицата кои ги отворено ги сомничи за вклученост во „Рекет“?
9. Ако е вистинито неговото тврдење „Јас не тргувам со информации и со влијание“, зошто тогаш изнесува информации главно од лица осомничени или обвинети за криминал (или нивни соработници), кои имаат сериозни мотиви да влијаат на истрагите покренати против нив?
10. Ако е вистина дека само Боки 13 „го инволвира Заев во скандалот“, тогаш зошто постојано го споменува Заев во неговите колумни за Рекет, и тоа пред да биде објавена „бомбата“ за која самиот тврди дека не ја чул?

Мене, искрено, навредливо ми е да го гледам Геровски, така скрстен како се прави „наивен и не сум одавде“ и се повикува на „принципиелност и етика“, како сака да се претстави како „жртва“, а при тоа „принципиелно“ да ги стави пред гилотина куп луѓе кои се сликале, или биле во каков и да е контакт со Боки 13, со толку тенки аргументи што се смешни и така „етички“ фино спакувани во приказни со измислени имиња, користеќи инсинуации и без срам и чувство на одговорност буквално да ги распни луѓето. Просто неверојатно ми е и како исто така повикуваќи се на „принципи“, повика да му се врати пасошот на Мијалков за да може да побегне, пардон, да се лечи во странство.
Многу нешта се просто неверојатни во целава приказна, но, ајде да видиме.

Фејсбук статус на Јане Ѓорѓиоски

https://www.facebook.com/635202916/posts/10156842489407917/

 

Треба да знаете
Последни објави