Search

Рејнхарт: Заздравувањето на економијата може да трае и до пет години

Глобалното економско заздравување од кризата настаната од пандемијата со новиот коронавирус може да потрае и до пет години, изјави денеска главната економистка на Светска банка, Кармен Рејнхарт.

– Најверојатно ќе дојде до брзо заздравување со оглед на тоа што сите рестриктивни мерки поврзани со блокадите се укинати, но целосната обнова може да трае дури и пет години, истакна Рејнхарт.

Таа истакна дека рецесијата предизвикана од пандемијата трае подолго во некои земји и оти ќе се влоши нееднаквоста така што сиромашните држави ќе бидат попогодени отколку богатите.

– Првпат по 20 години глобалната стапка на ситомаштија ќе порасне по кризата, посочи Рејнхарт.

Треба да знаете
Последни објави