Search

Речиси 100.000 заболени од коронавирус во Германија, 173 нови починати

Во Германија во последните 24 часа регистрирани уште 3.834 нови случаи на коронавирус, така што вкупниот број на заразени достигна 99.225.

Во текот на ноќта во Германија се потврдени 99 нови случаи на зараза, пренесува „Ројтерс“ податоци од Инситутот за заразни болести „Роберт Кох“.

Бројот на починати во изминатите 24 часа се зголеми за 173, па сега вкупно починале 1.607 луѓе. Порастот на заразени во изминатите 24 часа е поголем од претходниот ден, кога беа забележани 3.677 нови случаи.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека е прерано за ублажување на мерките воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот и додаде дека нејзината влада би била лоша доколку сега воведе датум кога ќе бидат ублажени мерките.

Меркел потсети дека владата вовела мерки до 19 април и дека тоа нема да се менува.

Треба да знаете
Последни објави