Search

Референт во Влада дал девет СИМ картички на пријатели кои гага збореле за 30.000 евр

Скопјанец вработен во Службата за општи и заеднички работи во Владата им дал девет СИМ картички на пријатели кои гага збореле на мобилните за над 30.000 евра, информираше МВР.

– Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С. П. (51) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ, со што го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи во Владата на РМ за вкупен износ од 2.079.471 денари, велат од МВР.

Според полицијата, С. П. злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување како самостоен референт-организатор за услуги со фиксната и мобилната телефонија, од мај 2012 до август 2017 година, на непознати лица дал на користење девет СИМ картички, сопственост на Владата. Тој притоа не подготвил и  не потпишал реверси за задолжување со податоци и потписи на лицата, како и своерачно потпишани изјави од истите со кои се согласуваат во случај на пречекорување на ограничувањето на сметките за користење на телефонските броеви, разликата од утврденото ограничување и висината на сметката да им биде задржана од месечната плата.

Понатаму,  кога  фактурите од Македонски телеком пристигнале за наплата на побарувањата по основ на остварените мобилни услуги за 9-те телефонски броеви, пријавениот како овластено лице задолжен да врши контрола и проверка на сметките на корисниците на службени мобилни телефони, иако знаел дека  телефонските броеви ги користат лица на кои што не им следуваат телефонски броеви и нема изработени и потпишани реверси, своерачно се потпишал и ставил печат дека е извршена контрола и дека нема забелешки.

 

 

Треба да знаете
Последни објави