Search

Ресторанот „Дукат” од Скопје го доби првиот златен сертификат за „КОВИД-19 безбедна зона”

Ресторанот „Дукат” од Скопје е првиот македонски ресторан кој покрај спроведувањето на сите национални и глобални препораки и протоколи за работа на угостителски објекти, воведе и дополнителна заштита на своите гости со прочистувач на воздухот HEALTHPROTECT од производителот Blueair кој целосно го елиминира вирусот КОВИД-19 поради што го доби првиот златен сертификат кој гарантира дека е „КОВИД-19 безбедна зона”, соопшти Независната угостителска комора. (НУК).

НУК пред еден месец ја промовираше кампањата „Чисто и безбедно”, наменета за сите видови угостителски објекти. Изминатиот период поголем дел од нејзините членки ги верификуваа своите угостителски објекти како потврда дека во целост ги исполнуваат и спроведуваат важечките протоколи за работа.

-На овој начин, преку сертифицирање, укажуваме дека угостителските објекти кои се стекнале со правото на користење на овој национален сертификат не само што ги подигнале на највисоко ниво стандардите за заштита и грижа на здравјето на своите вработени, како и грижата за здравјето на своите гости спроведувајќи ги глобалните и националните протоколи за работа туку со користење на дополнителни уреди – прочистувачи на воздух со кои гостите можат да дишат слободно и да се чуствуваат безбедно како по дома максимално ги минимализирале можностите и начините на ширење на вирусот КОВИД-19 во своите угостителски објекти, наведува НУК.

Треба да знаете
Последни објави