Search

Рестораните на Џејми Оливер пред колапс

Познатиот готвач Џејми Оливер вели дека е тажен поради неговиот синџир ресторани кои наскоро може да бидат затворени, а околу 1.300 вработени се под ризик да ја загубат својата работа.

Групацијата, во која се вклучени синџирот италијански ресторани, ресторанот „Барбекоа“ и ресторанот „Фифтин“ прогласи стечај. Станува збор за вкупно 25 локали.

„Разбирам дека ова е навистина тешко за сите кои се инволвирани“, вели Џејми Оливер.

„Би сакал да се заблагодарам на сите гости кои уживале во нашите ресторани и кои нè поддржуваа низ годините. Ни беше задоволство да ве служиме“, додава Оливер.

„Ги отворивме италијанските ресторани со цел да се избориме за подобар стандард, пониски цени и повисок квалитет на пазарот во Британија, со користење квалитетни состојки и етички одгледан добиток, како и неверојатен тим кој беше исто така посветен како и мене. Токму тоа и го постигнавме“, нагласи Оливер.

Џејми Оливер е познат по своите книги за готвење, како и бројните емисии и гостувања во многу земји веќе 20 години.

Тој исто така се бори и за промовирање здрава исхрана во училиштата.

Треба да знаете
Последни објави