Search

Ресенчанец украл „берлинго“ па се забил во столб

Ресенчанец украл автомобил па бегајќи удрил во столб, вчера во Рсен, информираше МВР.

-На 13.08.2019 во 4 часот било пријавено дека во Ресен на улицата Борис Кидрич во правец на село Царев Двор автомобил „цитроен берлинго“, управуван од Е.К. (26) од Ресен, а кое тој претходно го украл, удрил во столб. По незгодата возачот го напуштил местотото на настанот, но по кратко време е пронајден. Е.К. од незгодата се здобил со повреди и му била укажана помош во ЈЗУ-Ресен. Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен, велт од МВР.

Треба да знаете
Последни објави