Search

Ресенчанец лажнo дојавил дека поставил бомби во автобуси за превоз на работници

Управител на фирма за превоз на работници на 28 јуни во СВР Битола пријавил дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ добил заканувачки пораки дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека истите ќе бидат активирани.

Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи.

Во врска со случајот во СВР Битола бил приведен 43-годишник од ресенското село Болно, поради основано сомнение дека е лицето кое ги упатувало споменатите закани.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави