Search

Република Српска прогласи вонредна состојба

Собранието на Република Српска денеска прогласи вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот. Собранието, на посебна седница одржана во Бања Лука, ја усвои Одлуката за прогласување вонредна состојба за територијата на Република Српска поради епидемиолошката состојба со коронавирусот, пренесува РТРС.

Одлуката стапува на сила наредниот ден од денот на објавување во Службен весник на Република Српска.

Треба да знаете
Последни објави