Search

Република Северна Македонија осамна и на „Википедија“

Доколку корисниците на глобалната интернет енциклопедија „Википедија“ денеска побараат информации за нашата земја, во општите податоци за државата објавени на оваа енциклопедија, ќе се појави дека нејзиното официјално име е Република Северна Македонија.

Ваквата информација се појавува не само на „Википедија“ на македонски јазик, туку истата ќе ја добијат и оние кои ја користат енциклопедијата на англискифранцуски, германски и на останатите светски јазици.

Во англиското издание на интернет енциклопедијата во делот посветен на спорот за името се наведува дека на 17 јуни 2018 година Република Македонија и Грција потпишале договор да го завршат долгогодишниот спор со тоа што земјата ќе се преименува во Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia).

Треба да знаете
Последни објави