Search

Републиканци побараа од суд во Пенсилванија да ги блокира резултатите од претседателските избори

Републиканците во Пенсилванија поднесоа итна тужба до државниот суд за блокирање на потврдувањето на резултатите од претседателските избори кои беа во корист на новоизбраниот шеф на државата Џо Бајден, јави Блумберг.

Окрузите имаат рок да ги потврдат резултатите подоцна денеска, по што државниот секретар може да ги потврди резултатите на национално ниво. Во саботата, федерален судија ја отфрли тужбата на американскиот претседател Доналд Трамп за блокирање на потврда на резултатите од изборите во Пенсилванија.

Републиканците, предводени од Мајк Кели, побараа од судот да ги прогласи незаконски гласовите дадени по пошта и да спречи државата да ги потврди резултатите или да дозволи Конгресот во Пенсилванија да избира електори за Изборниот колеџ.

Барањето генерално е слично на барањето на Трамп.

Кели и другите републиканци претходно поднесоа неколку други тужби со кои се оспоруваа гласањето по пошта во државата.

Треба да знаете
Последни објави