Search

Републиканците добија конгресмен повеќе на прегласување во Северна Каролина

Републиканецот Дан Бишоп победи синоќа во прегласување во деветти конгресен дистрикт во Шарлот, Северна Каролина, извојувајќи тесна побада над својот демократски соперник.

Победата на искусниот републиканец Бишоп над 36 годишниот демократ и воен ветеран Ден Мекгриди, беше извојувана со помош на претседателот Доналд Трамп и се гледа како предвесник како би можеле да гласаат Американците од провинцијата на претседателските избори во 2020 година.

Трамп во понеделникот во Фајетсвил, армиски град и дел од овој дистрикт, оддржа кампања во корист на Бишоп и преку Твитер пораки ги повикуваше избирачите да гласаат за него. Сојузната држава ја посети и потпретседателот Мајк Пенс.

На изборите во 2016 година Трамп во деветиот дистрикт победи со предност од 12 процентни поени.

Прегласувањата во САД се ретки. Ова беше закажано после конгресните избори во дистриктот лани есента, откако беше откриено фалсификување на гласачки ливчиња на неприсутни избирачи (кои гласале оддалечено) во полза на тогашниот републикански кандидат Марк Харис, кој прогласи победа. Но гласањето подоцна беше поништено и повторно закажано за септември годинава.

Треба да знаете
Последни објави