Search

Репортери од шведската државна телевизија нападнати со камења во мигрантски кварт

Новинарска екипа од шведската национална телевизија СВТ доживеала инцидент кога била нападната со камења и нивниот автомобил бил вандализиран додека биле на задача во претежно мигрантскиот кварт Стенхаген во Упсала, пренесува „СВТ нихетер“.

Новинарите во четвртокот го посетиле проблематичниот кварт за да интервјуираат луѓе од фондацијата „Дава“ кои имаат намера да изградат исламски центар во населбата. Кога се приближиле до шумичката каде што треба да се гради идната џамија, кон нив биле фрлени големи камења.

Иако новинари не биле повредени во инцидентот, нивниот автомобил вандализиран- задбата шофершајбна била искршена, а гумите исечени. Инцидентот е под полициска истрага како обид за напад и повреда.

„Жално е ова што се случува, ние бевме таму да си ја завршиме работата. Можеше да заврши лошо “, рече главниот уредник на СВТ Упсала, Даниел Легу, посочувајќи дека некои од камењата биле со големина на тупаници.

Пред речиси две недели, десничарската партија Шведски демократи (СД) одржа протест во Упсала против планираната џамија во областа. Активистите од СД беа нападнати со камења.

„Имаше голем број млади луѓе од странско потекло. Еден од нив ни рече веднаш да го напуштиме местото и се закани дека ќе се случат лоши работи. Другиот беше посмирен, нудејќи ни да ги спакуваме работите и да заминеме во рок од 20 минути “, напиша општинскиот советник на СД Симон Алм на Фејсбук.

Според него, непријателски настроените момчиња фрлале јајца и камења со големина од околу 10 сантиметри. Полиција само ги повикала момчињата, но не се ни обидела да ги уапси напаѓачите.

Во 2016 година, екипа од „60 минути Австралија“ беше нападната во предградие на Стокхолм додека снимаше прилог  за миграцијата во мигрантскиот кварт Ринкби. Полицијата потоа ја прекина истрагата со образложение дека снимателот е само полесно повреден и не побарал лекарска помош.

Изградбата на исламски центар веднаш до црквата „Света Марија“ во Стенхаген се дискутираше изминатите шест години и за него лобира фондацијата „Дава“. Нејзините претставници се активни во џамијата во Упсала, која претходно го поканила радикалниот имам Або Раад, кој, наводно, имал контакти со исламисти, вклучително и со Исламска држава.

Раад и неговиот син беа приведени од Одборот за миграција во 2019 година, откако шведската безбедносна полиција САПО заклучи дека тој претставува сериозна закана за безбедноста на земјата. Сепак, неговата депортација не може да се спровее поаради наводните закани со кои се соочува во Ирак.

Треба да знаете
Последни објави