Search

Ренова, Шкнедија и Силекс ги играат мечевите од 2. квалификациска рунда за ЛЕ

Преостанатите три македонски фудбалски претставници на меѓународната клупска сцена Шкендија, Ренова и Силекс денеска ќе ги одиграат натпреварите од 2. квалифиакциско коло за пласман во групната фаза во второто по ранг клупско натпреаврување Лига Европа. Поради пандемијата со коронавирусот, сезонава овие пресметки се играат по еден натпревар, а ждрепката им беше наклонета предноста на домашниот терен да ја имаат Силекс и Ренова, додека Шкеднија ќе гостува.

Кратовскиот тим Силекс кој беше елиминиран во првата квалифиакциска рунда од Лигата на шампионите доби шанса за поправен во Лига Европа, каде за прптивник на арената „Тодор Поески“ (20 ч) ќе го има косовскиот тим Дрита.

Силекс во квалификациите за ЛШ беше елиминирана од Карабах, но сега во пресметката со косовскиот тим Дрита ја има улогата на фаворит која треба да ја докаже на теренот. Предност за Силекс е и тоа што Дрита не е во натпреаврувачки ритам бидејќи косовскиот шампионат се уште не започнал поради пандемијата со коронавирусот. Дрита ги има сите информации за Силекс, бидејќи тренер и е македонскиот стратег Ардијан Нухиу, а во тимот настапуваат Ардиан Цуцули и Владица Брдаровски кои играа во мак-фудбалот за тетовска Шкендија односно скопски Вардар.

И Ренова ќе ја има предноста на домашниот терен, во СЦ „Петар Милошевски“ крај ФФМ каде попладнево (15.30 часот) ќе го пречека хрватскиот претставник Хајдук од Сплит. Хрватскиот тим ја има фаворитската улога но сплитските “бели“ пред мечот покажаа воздржаност и предупредија дека мораат да бидат внимателни оти Ренова не случајно е во втората рунда. „Гипсарите“  во претходното коло го елиминира Алашкерт и тоа на гости во Ерменија. Хајдук во своите редови го има младиот македонски фудбалер Јани Атанасов.

Шкендија вторпата ќе гостува на меѓуанродната сцена, овојпата кај романскиот Ботошани ( 17.45 ч.). Најискусниот македонски претставник на меѓународната сцена од овие три екипи во претходната рунда излезе на крај со азербејџанскиот Сумгаит. И против романскиот соства на Ботошани за кого настапуваат македонските интеранционалци Давид Бабунски и Стефан Ашкоски, поранешни младински и повремени сениорски репрезентативци Шкендија ја има фаворитската улога. Романскиот мтим ќе го игра својот четврти меќ на меѓународната сцена, но се надева дека домашниот терен ќе му биде доволен да приреди изненадување.

Треба да знаете
Последни објави