Search

Ренато Санчез: Трансферот во Барселона беше готов летото, но пропадна поради повреда

Фудбалерот од средниот ред на Лил, Ренато Санчез проговори за интересот на врвните клубови за него.

– Можеби Милан и Арсенал се заинтересирани за мене, но јас не знам за тоа. Милан е голем клуб со историја. Има висока класа, ми се допаѓа. Зборував со мојот агент. Знам кои клубови контактираат со него, а кои не, но не можам да го кажам тоа сега. Но, знам дека сум подготвен. Ако се добие понуда, ќе одлучам што е најдобро за мене. Кога пристигнав во Баерн, не бев подготвен да играм во таков клуб. Бев многу млад. И кога бев подготвен, немав можност да играм за овој тим. Многу клубови беа заинтересирани за мене летово, но кога се повредив сфатив дека ќе останам во Лил. Се беше подготвено со Барселона, мислам дека трансферот беше откажан поради повреда, изјави Санчез во интервју за „Л’Екип”.

Дваесет и четиригодишниот Португалец, во својата кариера има играно и за Свонси и Бенфика. Ги има поминато сите селекции во португалската репрезентација, а од 2016 година е член на сениорскиот тим.

Треба да знаете
Последни објави