Search

Реми на Челси и Манчестер јунајтед на „Стемфорд Бриџ“

Долгата серија од шест меча без победа на дерби дуелите со Манчестер јунајтед на „Стемфорд бриџ“ и денеска продолжи за европскиот првак Челзи. Црвените ѓаволи се бранеа и успеаа да се одбранат, а со првиот директен удар кон голот на Едуард Менди, дури во 50. минута поведоа со 1:0.

Италијанскиот репрезентативец Жоржињо направи кардинална грешка во обидот да ја смири топката, а искористи Џејдон Санчо и лесно погоди осамен пред голот на Челзи.

За среќа на Жоржињо во 67. минута беше досуден пенал, кој успеа прецизно да го изведе и да израмни на 1:1. До крајот на мечот немаше голови, па ова е шестто гостување на Црвените ѓаволи без пораз на „Стемфорд Бриџ“.

Кај домаќините за првпат по септември минутажа имаше Ромелу Лукаку, а кај гостите Кристијано Роналдо бече резерва и влезе во игра во 64. минута на местото на стрелецот Санчо.

Мајкл Карик ќе си замине од кормилото на Манчестер јунајтед без пораз на двата меча што ги имаше како привремен тренер на 20-кратниот шампион на Англија, кој го назначи Ралф Рангник за нов шеф на стручниот штаб.

Претходно фудбалерите на Манчестер сити со 2:1 го совладаа Вест Хем во едно од дерби пресметките во рамки на 13 коло од Премиер лигата.Победата и трите бода на „граѓаните“ им ја обезбедија Илкај Гундоган и Фернандињо.

Челси останува лидер на табелата со 30 бода, еден повеќе од Манчестер сити и два од Ливерпул, додека Јунајтед е осми со 18 бодови.

Треба да знаете
Последни објави