Search

Реми на Работнички, пораз на Силекс во Анталија

Фудбалерите на Работнички ремизираа (1:1) со Пирин во првиот меч за време на подготовките во Анталија. Четирикратниот македонски првак поведе со голот на Давид Тошевски во 45-тата минута, бугарскиот прволигаш израмни на пет минути до крајот на средбата. Пенал за дебармаалци во првото полувреме не реализира Себастијан Ерера.

Работнички вчера попладне се пресели во Турција каде ќе темпира форма пред пролетниот дел од сезоната во кој, под водство на новиот тренер Ратко Достаниќ, ќе брка опстанок во Прва лига. Пред заминување во Анталија, „црвените” од Градски парк ремизираа со Борец (2:2) и го совладаа Тиквеш со 3:1.

Контролен меч во Анталија одигра и Силекс чии фудбалери загубија од Витоша со 0:1. Ова е прв пораз за кратовци на зимските подготовки по нерешените 1:1 со Висла Краков и убедливата победа во голеадата со младинците на московска ЦСКА со 6:2.

Треба да знаете
Последни објави