Search

Ременски со претставка во внатрешна контрола за полицајците кои го вршеле претресот кога се најдени и доверливи документи

До внатрешната контрола на МВР во изминатите дваесетина дена стигнала претставка од пратеничката и се уште потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, која исто така е осомничена во случајот Рекет за активностите на Меѓународниот сојуз, дознава Телма.

Ременски се жалела за постапувањето на полицајците кои по налог на обвинителсвото вршеле претрес во нејзиниот дом. Според информациите на Телма, Ременски за време на претресот не била во домот што било наведено и во претставката.

Од внатрешна контрола потврдија дека претставката се разгледува и не може да прејудицираат каква одлука ќе биде донесена. Уште трае законскиот рок од 30 дена во кој внатрешната контрола треба да одговори, ни рекоа од овој оддел на МВР. Иста претставка Ременски поднела и до народниот правобранител.

Во претресот на кој сега се жали пратеничката биле најдени доверливи и класифицирани документи од УБК, поради што од опозицијата ја обвинуваат пратеничката и нејзиниот сопруг Јовче Ременски, кој е началник во оддел во новата АНБ, дека изнесувале доверливи документи и ги чувале дома надвор од законски предвидените безбедни зони.

Треба да знаете
Последни објави