Search

Ременски: Патриотизам е да се определи иднината

Ременски: Патриотизам е да се определи иднината

Граѓаните на Република Македонија се исправени пред историската шанса за иднината на идните генерации за своите деца и за Република Македонија. Светот, ЕУ, НАТО ги отворија вратите за Република Македонија и ја покани да биде дел од големото европско семејство, таму каде што припаѓаме.

Ја имаме силната поддршка од светот, од најистакнатите и најразвиените европски земји за поддршката на Република Македонија во членството во ЕУ и НАТО.

Се наоѓаме пред таа историска шанса на 30-ти септември да излеземе, да го искористиме нашето Уставно загарантирано право на референдумско изјаснување, и да избереме иднина и за Република Македонија и за идните генерации.

Вистински патриотизам е да се искористи шансата и да се определи иднината на Република Македонија, светлата иднина за генерациите и за државата.

Затоа ги повикувам сите граѓани на Република Македонија, особено младата генерација да ја искористат шансата и Европа да ја донесеме во Република Македонија, да не ја бараме надвор, туку напротив да бидеме рамо до рамо со развиените земји од ЕУ и НАТО, затоа што таму припаѓаме, и таму очекуваме да се развиваме како демократска земја со напредна економија, со висока стапка на вработеност на младите и сето она што значи посветла и поперспективна иднина за граѓаните на Република Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави