Search

Рекорд на Лилард, нов пораз на Лејкерс

Бекот на Портланд трејлблејзерс, Демиен Лилард, ја одбележа ноќта во НБА со постигнување кое е видено само уште еднаш во историјата на лигата. Тој стана вториот после Стеф Кари со двоцифрен број на тројки и асистенции на еден меч. Лилард во победата на Портланд над Денвер придонесе со 45 поени и 12 асистенции. Имаше феноменална шутерска вечер и погоди 11 тројки од 18 обиди. Иако шутот не го слушаше, Јусуф Нуркиќ го заврши мечот со 22 поени, седум скока, четири асистенции и два блокади. Од друга страна, Никола Јокиќ беше целосно запрен од Нуркиќ. Тој постигна само осум поени, но имаше 13 асистенции. Мајкл Портер постигна 27 поени за Нагетс и фати 12 топки. Блејзерс е деветти на Западот, со минимално заостанување зад осмиот Мемфис.

Милвоки бакс го победи Мајами хит со 130-116, со што Елените си го обезбедија првото место на Истокот. На овој меч, Жешките имаа позитива од 63-40 во втората четвртина, но Бакс во второто полувреме многу ја подобри одбраната, и направи голем пресврт. Јанис Адетокумбо заврши со 33 поени.

ЛА клиперс го победи Далас маверикс со 126-111, а еден од јунаците на домашните беше Хрватот Ивица Зубац кој иако беше трети стрелец во тимот, постави клупски рекорд од 10 погодени шутеви од поле без утка. Тој доминираше во рекетот и со 15 скока. Латвиецот Кристапс Порзињгис беше најефикасен со 30 поени кај Далас, а неговиот соиграч Лука Дончиќ запиша 29. Кај Клиперс се истакна Каваи Ленард со 29 поени.

Ослабениот Лејкерс немаше шанса против Хјустон. Ракетите славеа со 113-97 во меч на кој Џејмс Харден даде 39 поени, а Леброн Џејмс го немаше кај Езерџиите.

Сакраменто постигна 140 поени во победата над Њу Орлеанс кој стигна до 125. Србинот Бојан Богдановиќ со 35 поени беше најефикасен на натпреварот, а нековиот соиграч од Кингс, Де’Аарон Фокс запиша 30. Кај Пеликанс најмногу се истакна Зион Вилијамсон со 24.

Треба да знаете
Последни објави