Search

Рекордни 618 новозаразени со коронавирусот во Финска

Во Финска во последните 24 часа се регистрирани 618 нови случаи на коронавирус, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, објави финскиот институт за јавно здравје и социјален развој.

Вкупниот број на пациенти достигна 23.766 од тестираните 1,7 милиони, а досега починале 388 лица.

Во последните две недели, Финска регистрира 25 заразени на 100.000 жители.

Треба да знаете
Последни објави