Search

Рекордни врнежи во Вашингтон, прокиснa во Белата куќа

Обилен дожд предизвика поплави на улиците во Вашингтон, а во одредени делови за само еден час беше соборен рекордот.

Надлежните соопштија дека од автомобилите кои се заглавиле во водата извлечени биле 15 лица, а делови од Белата куќа прокиснале, соопшти Гласот на Америка.

Националната метеоролошка служба предупреди околу 9 часот утрото по локално време дека количината од дожд е опасна по живот и апелираше до луѓето да најдат засолниште.

За само еден час паднаа 8,4 сантиметри дожд, што е количина која го собори рекордот од 5,6 сантиметри од 1985 година.

Музеите и спомениците во Вашингтон биле привремено затворено.

Фотографиите од „Твитер“ покажуваат дека прикиснале простории од подрумот во „Белата куќа“.

„Белата куќа прокиснува“, напиша покрај објавената фотографија, новинарката од „Си-ен-ен“, Бетси Клајн.

Треба да знаете
Последни објави