Search

Рекордните септемвриски температури во Белгија ги загрижуваат експертите

Топлотен бран ја зафати Белгија вчера и би требало да трае до крајот на неделава, со измерени 30,9 степени на пладне во Брисел.

Најтопол ден во септември во последниот век е измерен во 1947 година, со 29,3 степени, а метеоролозите очекуваат во текот на денешниот ден да бидат надминати и други рекордни температури.

Последен пат кога два дена по ред во септември температурите надминале триесет степени било во 1919 година, велат од Кралскиот метеоролошки институт на Белгија.

Ако населението ужива во доцните летните температури, експертите предупредуваат дека состојбата е алармантна и уште еден доказ за климатските промени кои му се закануваат на светот.

-Гледаме дека топлотните бранови повеќе не се концентрирани во лето туку ги зафаќаат и другите сезони сега, така што можеме да имаме многу топли крајности во пролет, зима или есен, велат од Институтот.

Времето е исто така невообичаено суво од почетокот на овој месец, што несомнено ќе се одрази врз земјоделството.

Треба да знаете
Последни објави