Search

Рекордна количина хашиш конфискувана на грчко-турската граница

Турските власти открија и запленија 1,5 тони хашиш при проверка на камион на границата меѓу Турција и Грција.

Вредноста на дрогата се проценува на 7,6 милиони долари.

Хашишот, кој бил спакуван во торби, бил откриен во камион на граничниот премин Ипсала меѓу Грција и Турција, соопшти турското Министерство за трговија. Камионот, кој официјално превезувал соја, ја поминал рентгенската контрола, но по реакција на специјално обучено куче бил пренасочен за детална проверка.

Ова е најголемото количество дрога конфискувано на турската граница, стои во соопштението.

Уапсени се возачот на камионот кој бил албански државјанин и уште две други лица.

Треба да знаете
Последни објави